Намалени трошоци за енергија и зголемен профит кај бизнисите и комерцијалните објекти

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Фондацијата Регионална Развојна Агенција - ПРЕДА во соработка со Локалната канцеларија на Програмата на ЕУ/ЕБОР- WeBSEFF, ја организираа работилницата на тема: Намалени трошоци за енергија и зголемен профит кај бизнисите и комерцијалните објекти.

Повеќе...

 

Оглас за распределба на 44 хектaри државно земјоделско земјиште во Битолско

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен оглас за распределба на приближно 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско. Заинтересираните субјекти, увид во податоците за огласеното земјиште може да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство во Битола.За подигање на маслинарници, времетраењето на закупот е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници и хмељ) како и за оранжерии закупот е до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавење на државното земјоделско земјиште за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување на други земјоделски култури и за ливади, закупот е до 15 години.Големината на површината на земјоделско земјиште која ке ја добие еден понудувач ке се утврди врз основа на неколку дефинирани критериуми во огласот, а кои се утврдени со Законот за земјоделско земјиште како што се минимално материјално – техничка опременост на понудувачот,бројот на планирани вработувања според бизнис планот.

Повеќе...

 

Сакате да штедите енергија и да ги намалите сметките во Вашиот дом?

Голем број сопственици на имотите поседуваат градби кои многу заостануваат зад сегашните текови во енергетската технологија. Решението е врз овие градби да се изврши реновирање заради енергетско штедење. Комбинирање на неколку поединечни мерки за подобрување може да даде значителен позитивен ефект: подобрување на изолацијата на градбите ја намалува топлинската загуба и побарувачката за енергија, додека пак современите грејни технологии овозможуваат преостанатите потреби од енергија да се задоволат побрзо и поефикасно. Со вакви инвестиции Вашиот дом може да стане поудобен, да ја зголеми својата вредност и изглед и да придонесе кон поздрава и помалку загадена животна средина.

Повеќе...

 

Објава за изградба на Хотелски комплекси во касарна Битола

Предмет на електронско јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија предвидено со ДУП за АРМ Четврт 1,АРМ Четврт 2 и АРМ Четврт 3 Битола донесен со Одлука на Совет на Општина Битола бр.07-1791/3 од 06.09.2010 година.со намена за изградба на големи трговсни единици 52 и Хотелски комплекс Б5 согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела,број на градежна парцела.вкупна површина на градежна парцела, намената на земјиштето(основна класа),намена на земјиштето(опис) површина за градење, бруто развиена површина, процент на изграденост, коефициент на искористеност на земјиштето, максимално дозволена висина, катност, почетна цена по метар квадратен.вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното надавање.

Повеќе...

 

Владата ќе субвенционира поставување сончеви колектори

Сонцето ќе грее топла вода за стотина домаќинства, средствата се од буџетот во вкупен износ од 98.000 евра. Топла вода нонстоп без вклучен бојлер. Заштеда од околу 150 евра годишно на сметките за струја. Односно, заштеда од 80 милиони евра годишно, доколку сите домаќинства се обидат да ја искористат енергијата што ни ја дава сонцето. Со 500 до 2.000 евра, во зависност од длабочината на џебот, може да го користите сонцето цел живот.

Повеќе...