ОБЈАВА ЗА КАСАРНА - БИТОЛА

ОБЈАВА 1
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на објекти за домување во станбени згради А2 согласно ДУП за„АРМ Четврт 1,АРМ Четврт 2 и АРМ Четврт 3„ Битола

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија предвидено со ДУП за АРМ Четврт 1,АРМ Четврт 2 и АРМ Четврт 3 Битола донесен со Одлука на Совет на Општина Битола бр.07-1791/3 од 06.09.2010 година,со намена за изградба на објекти за домување во станбени згради А2, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела,број на градежна парцела,вкупна површина на градежна парцела, намената на земјиштето(основна класа),намена на земјиштето(опис) површина за градење ,бруто развиена површина, процент на изграденост, коефициент на искористеност на земјиштето,максимално дозволена висина, катност, почетна цена по метар квадратен,вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното надавање.

Повеќе...

 

Се продаваат парцели во Индустриската зона „Жабени“ Битола

Општина Битола продава 31 градежна парцела во индустриската зона Жабени, по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е наменето за изградба на комерцијални и деловни објекти, како и објекти за производство, дистрибуција и сервиси. Парцелите се со големина помеѓу 3.740 и 12.959 метри квадратни и почетна цена од 61 или 900 денари за квадрат, во зависност од намената. Лицитацијата ќе се одржи на 08.02.2012, а пријавите на заинтересираните можат да се достават најдоцна до 31.01.2012.

Повеќе...

 

Потпишан нов договор помеѓу МБПР и ЕИБ

Потпишан е Договор за заем помеѓу МБПР и ЕИБ во износ од 50 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Кредитната линија ќе се реализира преку девет банки учеснички:

Повеќе...

 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

На 26 Септември 2011 година, во х.Милениум во Битола, се одржа презентација на Општествена одговорност на Претпријатија. Целта на настанот беше да се промовира општествената одговорност на претпријатијата во земјата, постоечката регулатива како и да се објасни нејзината примена во малите и средните претпријатија. Презентацијата е дел од проектот “ Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија”, чиј носите е Министерство за економија во партнерство со Македонската развојна фондација на препријатијата, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.

Повеќе...

 

Регионална презентација во Лерин Р.Грција

Центарот за развој на Пелагонискиот регион на 06.06.2011 организираше регионална презентација на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион во Лерин, соседна Република Грција. Гости на презентацијата беа претставници на бизнис секторот од регионот на градот Лерин и неговата поширока околина.Исто така, гости на презентацијата беа г. Јоанис Воскопулос, Градоначалник на Лерин, г. Лазар Котевски Градоначалник на општина Новаци, г. Славко Велески Градоначалник на општина Могила, г. Абдула Бајрамоски Градоначалник на општина Долнени, г. Арис Аристиду претседател на Стопанската комора во Лерин, и г-ѓа Зета Ризу директор на регионалната развојна агенција АН.ФЛО од Лерин.

Повеќе...