Обука за донаторски процедури

Во рамките на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“, на 27 и 28 април 2011 година, во Битола се одржa седмата обука на тема „ Донаторски процедури“.
Обуката беше наменета за преставниците на одделенијата за локален економски развој, правните сектори на општините и вработените кои учествуваат во подготовката и имплементацијата на проeкти финансирани од претпристапните фондови на Европската унија и други билатерални донатори.

Повеќе...

 

Обука за користење на софтверот Пелагонија бизнис

Во рамките на проектот „Градиме партнерства“ се одржа обуката за користење на софтверот ,,Пелагонија – бизнис”. Оваа веб базирана апликација е изработена за потребите на оделенијата за локален економски развој за општините во Пелагонискиот регион. Оваа програма има за цел да им помогне на вработение во одделенијата за локален економски развој за подобро и попрецизно отсликување на состојбите за компаниите кои се наоѓаат во општините.

Повеќе...

 

Обука за развивање на предлог проекти финансирани од претпристапните фондови на ЕУ

Шесттата по ред обука од проектот „Градиме партнерства“ на тема “Развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапните фондови на ЕУ и програмите на заедницата” се одржа во Битола во периодот 16-18 март, 2011 година. Обуката беше наменета за претставниците од локалните самоуправи од општините во Пелагонискиот регион. Предавачи на оваа обука беа експертите г.Јуриј Кобал и г. Марио Вељковиќ. Нив ги обезбеди Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка. На првиот ден од обуката претставниците од локалните самоуправи се запознаа со методите на стратешко планирање во ЕУ, принципот Intelligent regions, и SWOT анализата. На вториот ден беше изработена мапа на сите stakeholders и донесувачи на одлуки во регионот, и пристапот на Логичка рамка.

Повеќе...

 

Развивање на модели за ЈПП и предлози за ЈПП

Петтата по ред обука од „Градиме партнерства“ се одржа во Битола во периодот 15-17 февруари, 2011 година и беше наменета за претставниците од локалните самоуправи од Пелагониските општини. На оваа обука, експертите Јане Вртески и Мирослав Трајаноски ангажирани од МЦМС трансферираа знаење за тоа како се изготвува студија за јавно-приватно партнерство (ЈПП), користејќи презентации, а иницираа и практична работа на кокнретни ЈПП проекти.

Повеќе...

 

Работилници за ЈПП меѓу јавниот и приватниот сектор во Пелагонија

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организираше две одделни работилници посветени на Јавно-приватното партнерство (ЈПП). Едната од нив се одржа во Битола (за општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци и Могила од и бизнис секторот од овие општини од 24-25 февруари), а другата во Прилеп (за општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени и бизнис секторот од овие општини од 1-2 март).
Целта на овие работилници беше општините и бизнис секторот да воспостават дијалог за идентифукуваните и веќе подготвени ЈПП проекти од страна на општините за време на трите претходни обуки на оваа тема.

Повеќе...