Одржана обука за јавно-приватно партнерство во рамките на проектот ГРАДИМЕ ПАРТНЕРСТВА

Во рамките на проектот "Градиме партнерства" реализиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа втората обука на тема: „Правни и организациски аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП)“.Присутните претставници од администрацијата на 9-те општини во Пелагонискиот регион, и шеесетина претставници од бизнис секторот ги поздрави Градоначалникот на општина Битола г-дин Владимир Талески при што го нагласи значењето на ЈПП за развојот на општините и регионот. Во обраќањето на директорот на Центарот за развој на пелагонискиот регион г-ѓа Емилиа Ѓероска беше истакнато дека иако ЈПП е новина за локалната самоуправа и за бизнис секторот ЈПП се применува многу во Европа и Балканот. Отаму истакна таа "ние како центар сакаме да го поддржиме ЈПП со овој тип на активности и обуки бидејќи сметаме дека ќе придонесе за економски развој на Пелагонискиот регион".Учесниците кои беа присутни на оваа обука имаа можост да се запознаат со правната рамка, македонското и европското законодавство, како и со основните модели на јавно-приватно партнерство".Посебен интерес кај слушателите предизвика делот посветен на потребната документација за реализација на овој тип партнерства, како и тендерската постапка за склучување договор за јавно-приватно партнерствa.

Проектот финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа преку Биро за Регионален развој.