Трет тренинг во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 15 Април 2013 година во Хотел Милениум во Битола се одржа тренинг на тема: “Вештини за спроведување на анализа и проценка на локалните заинтересирани страни”, организиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.

Целта на овој тренинг беше на присутните да им се претстави терминот “заинтересирани страни” и зошто е потребна нивна анализа и проценка. На оваа средба учесниците треба да се запознаат со алатките кои се користат при спроведување на анализа и проценка и да стекнат познавања како да ги мобилизираат и вклучат заинтересираните страни во процесот.Во наредниот период се планирани координативни состаноци во трите микро региони на Пелагонија на кој ќе се дефинираат членовите на Локалните Акциони Групи кои ќе се формираат на таа територија. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.