ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА: Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој воведе БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА

Со цел овозможување поголема достапност и понуда на информации за заинтересираните и корисниците на финансиска поддршка, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го модернизира сопствениот центар за контакти со воведување бесплатна телефонска линија.Со телефонско избирање на бројот 080012121, преку постоечката телефонска централа, граѓаните можат бесплатно да се информираат за програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно со бирање на префиксот 1 им се достапни информации за директните плаќања во земјоделството, со бирање на префиксот 2 информации за Програмите за финансиска поддршка во руралниот развој и во рибарството и аквакултурата и префиксот 3 информации поврзани со ИПАРД Програмата.

Преку контакт центарот, покрај за условите и критериумите кои е потребно да бидат исполнети за поднесување на барање за одредена програма, мерките кои се финансираат и потребните документи, барателите на финансиска поддршка можат да добијат информации за нивните барања за финансиска поддршка.
Телефонската централа е поддржана со два сервера и користи Elastix софтвер со модул за контакт центарот.
Централата овозможува опслужување на шест корисници истовремено. Но, истиот согласно потребите може да се надградува до неограничен број корисници.
Контакт центарот овозможува повеќе опции за изготвување на извештаи, кои нудат информации за интензитетот и интересот за програмите за финансиска поддршка, најчестите прашања како и потешкотиите со кои се соочуваат барателите. Преку анализа на информациите од центарот, ова техничко решение ќе послужи како алатка за планирање на нови активности за унапредување на квалитетот на услугата.
Секој разговор преку телефонската централа заради контрола на квалитетот е снимен.
Агенцијата има воспоставено ограничен и авторизиран пристап до личните податоци што се обработуваат при снимањето на телефонските разговори.
Информациите на телефонската централа, освен на македонски, достапни се и на англиски јазик.
Услугата не се наплаќа и е достапна само од фиксна телефонија