Прв координативен состанок во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 20  Јуни  2013  година во Хотел Милениум во Битола организира состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”. Овој состанок е прв од трите планирани состаноци кои ќе се организираат во трите микро регион во Пелагонија во наредниот период.

На оваа средба членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Битолскиот микро регион го дискутираа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно - приватно партнерство како неформална организација според принципите на ЛЕАДЕР пристапот, се дадоа предлози за дефинирање на името и визијата и се поставија неколку специфичните цели на партнерството.Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” се имплементира со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.