Втор координативен состанок во Прилеп во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 04 јули 2013  година во Хотел Кристал Палас во Прилеп Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, го организира вториот координативен состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”. На овој состанок членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Прилепскиот микро регион го потпишаа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно - приватно партнерство. Со овој документ потписниците потврдуваат дека сакаат  да учествуваат во формирањето на Локалната Акциона Група, како партнерство формирано според принципите на ЕУ ЛЕАДЕР, составено од јавен, приватен и граѓански сектор.  На средбата се дискутираше за можниот број на членови и седиштето на партнерството и се ажурираа информациите на учесниците заради издавање на сертификати за поминатата обука.