Втор координативен состанок во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 05 јули 2013  година во Хотел Милениум во Битола го организира вториот координативен состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”. На оваа средба членовите на потенцијалната Локална Акциона Група од Битолскиот микро регион го потпишаа Меморандумот за разбирање за формирање на локално  јавно - приватно партнерство. Со овој документ потписниците потврдуваат дека сакаат  да учествуваат во формирањето на Локалната Акциона Група, како партнерство формирано според принципите на ЕУ ЛЕАДЕР.  На состанокот се дискутираше за можниот број на членови и седиштето на организацијата и се ажурираа информации заради издавање на сертификати на учесниците за поминатата обука.