ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА, Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2014 година („Службен весник на Република Македонија“  бр. 7/14), Министерството за економија објавува: ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис. 1. Предмет на јавниот повик е избор на најдобри бизнис планови под мотото „Биди перспективен започни свој бизнис“.  Проектот  се  реализира во соработка со: Кабинетот на заменикот  на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори,

Министерството за образование и наука, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Државниот универзитет во Тетово, Агенцијата за поддршка на претприемништвото  на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, Бизнис старт-ап центарот при Машинскиот факултет и Националниот совет  за претприемништво и конкурентност на Република Македонија.
2. Право на учество имаат студенти и млади  претприемачи на возраст од 18 до 30 години. Секој учесник на натпреварот за најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис има право да аплицира само со еден бизнис план. Со еден бизнис план може да учествуваат најмногу 4 лица.
3. Услов за учество е Бизнис плановите да бидат изготвени согласно Упатството за пишување на бизнис план (во прилог на Јавниот повик).  Апликациите може да се поднесат на македонски јазик или албански јазик, со превод на македонски.