Развиваме бизнис вештини - трета обука од ,,Градиме Партнерства"

Развивањето на бизнис вештините и запознавањето на можностите за финансирање на бизнисите беше тема на третата обука што тимот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја организираше во периодот 15-16 декември, 2010 година согласно предвидените активности од проектот „Градиме партнерства“.

Развивањето на бизнис вештините и запознавањето на можностите за финансирање на бизнисите беше тема на третата обука што тимот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја организираше во периодот 15-16 декември, 2010 година согласно предвидените активности од проектот „Градиме партнерства“. Учесниците од приватниот и јавниот сектор првиот ден имаа можност да градат претприемнички вештини, да ја изучуваат SWOT анализата, подобро да го запознаат својот пазарен удел и да проучат соодветни модели како да го прошират, а се запознаа и со маркетинг микс концептот и бенефитите што тој ги носи со негова правилна употреба. Во текот на вториот ден, учесниците низ дискусија и вежби анализираа биланси, финансиски текови (поврзаност и меѓузависност на соодветните билансни ставки и категории) и капитални структури на компаниите. Опсежна презентација беше дадена за можностите за финансирање на бизнисите, односно начините на којшто компаниите имаат можност да стигнат до свеж капитал за финанситање на нивните тековни операции или преземени инвестиции. Богата дискусија беше развиена на оваа тема меѓу сите учесници.