Листа на членови на ИМРР

Интегрирана Мрежа за развој на Пелагонискиот регион

Како резултат на проектот Воспоставување на заедничко работно тело - Интегрирана мрежа за регионален развој, во септември 2014 од страна на Центарот за развој на Пелагониски плански регион (ЦРППР) во партнерство со деветте општини во Пелагонискиот регион формирана е Интегрираната мрежа за регионален развој на Пелагонискиот плански регион (ИМРР). Проектот е финансиски и стручно  поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион (ИМРР) претставува платформа која ги вклучува јавниот, приватниот и невладиниот сектор во заедничка акција за севкупен регионален развој. Таа претставува облик на меѓуопштинска соработка на 9-те општини од Пелагонискиот регион (јавен сектор), бизнис секторот и невладиниот сектор чија цел е активно да делуваат во областа на регионалниот развој, ставајќи акцент на економскиот развој на регионот.  Како нејзини членки се јавуваат 21 институции/организации, претставници од сите три сектори.

Основна цел на ИМРР е зголемување на соработката и вмрежување на релевантните чинители во Пелагонискиот плански регион, а со цел целокупен развој на Пелагонискиот плански регион.

Целна група на ИМРР:

Трговски друштва / економски оператори од Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Регионалните  Стопански Комори од  Битола и Прилеп

Занаетчиските комори од Битола и Прилеп

НВОа од регионот

Општините од регионот и нивните администрации

Универзитет Св. Климент Охридски – Битола

Во рамки на ИМРР се интегрирани и веќе постоечките неформални Мрежи кои ЦРППР ги координира како:

Мрежа за развој на културата во Пелагонија

Мрежа за развој на руралните средини (Локални Акциони Групи)

Мрежа за развој на туризмот во Пелагонија

Мрежа на експерти за идентификација на регионални проекти

 

На следниот линк можете да ја погледнете листата на членови на интегрираната мрежа за регионален развој - Погледни