Актуелни повици за бизнис заедницата

ИПАРД ПОВИК

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 01 август 2015 година објави Јавен Повик бр.02/2015 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 година, за следните мерки:

Мерка 101- Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европска Унија.

Мерка 103- Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европска Унија.

Мерка 302- Деверсификација и развој на руралните економски активности.

Во прилог е линкот од објавениот Јавен Повик бр. 02/2015.

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Јавен Повик за Бизнис План

Министерството за економија објавува Јавен повик за избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис во рамките на Проектот “ Биди перспективен за почни свој бизнис”.

Право на учество на овој Повик имаат студенти и млади претприемачи на возраст од 18-30 години.

Јавниот Повик трае до 15 септември 2015 година.

Во проилог е линк од Јавниот Повик и Упатството за аплицирање.

http://www.economy.gov.mk/javni_konkursi/oglasi/4515.html

Јавен Повик за субвенции за угостителски објекти за добивање на ознака за Национални ресторани меани

Министерството за економија, согласно со Програмата за развој на туризам за 2015 година објавува Јавен Повик за Субвенции за угостителски објекти за добивање на ознака за Национални ресторани- меани.

Право на учество имаат сите правни лица кои вршат угостителска дејност и кои се категоризирани како ресторани, согласно Правилникот за категоризација на угостителските фирми за исхрана Ресторани.

Јавниот повик трае до 30 септември 2015 година.

Во прилог е линк од Јавниот Повик за аплицирање.

http://www.economy.gov.mk/javni_konkursi/oglasi/4514.html

Јавен Повик за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени

Министерството за економија објавува Јавен Повик за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени.

Повикот трае до 31.08.2015 година.

Во прилог е линк од Јавниот Повик за аплицирање.

http://www.economy.gov.mk/javni_konkursi/oglasi/4414.html

Јавен Повик за субвенционирање на занаетчии

Министерството за економија објавува Јавен Повик за субвенционирање на занаетчии.

Повикот трае до 31.08.2015 година.

Во прилог е линк од Јавниот повик за аплицирање.

http://www.economy.gov.mk/javni_konkursi/oglasi/4415.html