Програми за бизнис заедницата

ПРОГРАМИ ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

1.Програма Хоризонт 2020

- Програмата Хоризонт 2020 поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, трансфер на нови технологи, стекнување на нови знаења и експертиза, како и кофинансирање на одредени активнсоти поврзани со развој на нови производи и воведување на нови технолошки процеси. Во рамките на Програмата Хоризонт 2020 е Инструментот МСП наменет исклучиво за мали и средни претпријатија.

- Република Македонија, како асоцијативна земја членка во Програмата, учествува под еднакви услови и права како и земјите членки на ЕУ. Со цел успешно учество во програмата, Министерството за образование и наук а во улога на координатор на програмата, формира мрежа на национални контакт лица за поддршка на сите заинтересирани апликанти.

- Хоризонт 2020 е отворена за учество на широк спектар на организации и индувидуални истражувачки центри, лабаратории, мултинационални компании, млаи и средни претпријатија, невладини организации, јавна администрација, локална самоуправа.

- Конципирана е врз три столба- извондредност во науката, лидерство во индустријата и општествени предизвици, кои содржат бројни области за воспоставување и развој на интернационална соработка преку соодветни проекти, конференции, тренинг работилници, семинари, форуми, студиски посети и слично.

- Користењето на овој финансиски инструмент е врз основа на аплицирање на предлог проект на претходно објавен повик и изграден конзорциум- партнерство со субјекти од минимум 3 земји членки на ЕУ или асоцијативни земји кон Програмата.

- За повеќе информации околу можностите за аплицирање на следниот линк:

- http://ec.europa.eu/research/participants/portal/desktop/en/opportunities/index.html

2.Програма КОСМЕ

- Ја поттикнува конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис услуги за поддршка и промовирање на претприемништво за мали и средни претрпијатија, како и пристап до постојни и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка и развој на бизнисите.

- Структурата за реализација на КОСМЕ Програмата се состои од 4 компоненти:

Пристап до финансии (

Пристап до нови пазари

Подобрување на рамковни услови

Промовирање на претприемништво

- Република Македонија го доби правото на учество во 2014 годинa. Повеќе информации околу КОСМЕ Програмата на следниот линк:

- http://ec.europa.eu/growth/smes/cosme/index_en.htm

3.СЕДМА РАМКОВНА ПРОГРАМА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

ФП7 е Седма рамковна програма за истражување и технолошки развој. Тоа е клучниот инструмент на Европска Унија за финансирање на истражување во Европа. Таа, исто така е клучна алатка со која ќе се одговори на потребите на Европа поврзани со работните места и конкурентноста, и со која ќе се одржи водство во глобалната економија заснована врз знаење.

Средствата во рамките на Програмата се однесуваат за грантови со кои ќе се поддржат истражувањата во Европа и пошироко, со цел да се кофинансираат проекти за истражување, технолошки развој и демонстрирање.

Приоритетните области на ФП7 опфаќаат:

- Зајакнување на соработката и истражувањето во Европа,

- Поддршка на чисто иследувачко истражување на границите на науката и технологијата,

- Поддршка на мобилноста и професионалната ориентација на истражувачите,

- Зајакнување на истражувачките способности, капациетите за иновативност и конкурентност

- Нуклеарни истражувања.

Сите повици се објавуваат во Службениот весник на Европска Унија.

На повиците за пријавување на грантови, можат да аплицираат:

Малите и средни претпријатија, приватни истражувачки институции и други учесници во    индустријата

4.ФОНД ЗА ИНОВАЦИИ

ФИТР ги поттикнува иновациите преку обезбедување на дополнителни извори на финансирање на иновациите, бидејќи се верува дека потребно е да се изгради конкурентна економија основана на знаења која ќе придонесе за содзавање на работни места.

Програми на Фондот за Иновации:

1- Кофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф, трговски друштва и иновации

2- Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации

3- Кофинансирани грантови за трансфер на технологии

4- Техничка помош преку деловно технолошки акцелератори

http://fondzainovacii.mk/?page_id=85


5.Македонска Банка за Поддршка на Развојот

http://www.mbdp.com.mk/index.php/mk/

МБПР ги нуди следните финансиски производи:

1.Кредитирање

- кредит за поддршка на извозот- обртни средства за подготовка на производство наменето за извор и обртни средства за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средства од странскиот купувач,

-кредит за мали и средни претпријатија- трајни обртни средства и инвестиции од различни извори: ИКЛ- револвинг, МБПР, ЕИБ, ЕИБ- револвинг,

-кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата- примарно производство, преработка и извоз- преку комерцијалните банки или директно преку МБПР,

-кредит за микро компании- микро и мали трговски друштва, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други микро и мали стопански субјекти,

-кредит за енергетика- енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија,

-кредит за намалување на невработеноста- создавање и одржување на работни места и самовработување со кредитирање,

-кредит со гарантна шема- микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплцирање кај деловните банки,

-кредит за сместувачки капацитети- инвестиции за микро, мали и средни претпријатија со седиште во РМ за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард поголем од три звезди,

-кредит за старечки домови и градинки- микро и мали средни претпријатија со седиште во РМ за изградба и опремување на установи за стари лица и детски градинки,

-кредит за општините во РМ- за реализација на проекти од ИПА компонента за прекугранична соработка.

2. Осигурување-

МБПР им помага на трговските друштва кои продаваат на отворено и врши осигурање на побарувањата на краток рок од комерцијални и политички ризици.

Со користење на кредитното осигурување се обезбедува:

-сигурност во наплатата на побарувањата во земјата и странство

-подобра ликвидност и билансната состојна на трговските друштва во РМ

- влез на нови пазари и опстојување на постојните пазари

-поедноставен пристап до финансиски средства на пазарот на капитал.

3. Факторинг- услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш. Факторингот комбинира кредитна заштита, регистар на побарување, наплата на побарувања и финансирње за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање пократко од 180 дена. МБПР откупува фактури и исплаќа аванс по однос на доставената фактура во износ од 80%.


6.ЕВРОПСКА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ

Европската Банка за обнова и развој е активна со следнте програми за поддршка на развојот на деловните активности:

-Програма за управување со организациски промени- ТАМ (се разменува менаџерски “know-how” и се развиваат деловни способности,

-Програма за деловни советодавни услуги- БАС (се развива професионалниот капаците на локалните консултанти кои ќе им обезбедуваат на МСП стручни совети за деловното извршување),

-Заеднички виенски институт (спроведува семинари за менаџери во претпријатија, претприемачи и владини службеници),

-Во сите свои активности Банката постапува во согласност со своите корпоративни политики, процедури и стратегии, како што се:политиката на јавни информации, политиката за животна средина, независниот механизам за ресурси итн.

http://www.sep.gov.mk/content/?id=233#.VcNZ-_OqpBc


7.ПРОГРАМА ТАМ

- Програмата ТАМ им помага на малите, средните, но и на големите претпријатија да се трансформираат. Советниците на ТАМ им овозможуваат на претпријатијата да направат структурни промени и да развиваат нови деловни вештини на високо менаџерско ниво, помагајќи им да напредуваат и да бидат конкурентни во пазарните економии. Со програмата раководи ЕБДР, а ЕУ го обезбедува поголемиот дел од средствата за нејзино спроведување (прку 50%).

Програмата ТАМ се  стреми:

- Да им помогне на МСП да постапуваат во согласност со индустриското законодавство и да развиваат здрави еколошки практики,

- Да му помогне на раководниот тим на МСП при подготовката на деловниот план врз основа на најдобрите меѓународни деловни практики,

- Да постават стратегиска насока и да привлече надворешни инвестиции и финансии,

- Да дава совети за проектантски и производни капацитети за да бидат споредливи со меѓународни конкуренти,

- Да се подобри конкурентската позиција на МСП со маркетинг- стратегии и мрежу на меѓународни контакти,

- Да се воведуваат нови вештини и вештини карактеристични за секоја индустрија, дирекнто кај високите раководни тимови на МСП

- Да се постигнат одржливи резултати преку менување на деловната култура во претпријатијата и подобрување на деловната одржливост

Повиците за Програмата ТАМ можат да се следат на порталот на Делегацијата на Европска Унија во Скопје.

http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/eu_the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/trade_relation/support_businesses/index_mk.htm