ЦРППР започна со изработка на Програмата за работа на Интегрираната мрежа регионален развој за 2015-2017 година

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот: "Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион"  започна со реализацијата  на работилниците на кои ќе биде подготвена Програмата  за работа на ИМРР за 2015-2017 година и Акциониот план за 2015-2016 година.

 

Од оваа Програма ќе произлезат мерки и активности кои ќе придонесат за подобрување на севкупниот економски развој во Пелагонискиот регион. Членки на ИМРР се претставници од 9-те локални самоуправи, како и претставници на јавниот, невладиниот и приватниот сектор од  Пелагонискиот регион. Основната цел на проектот за воспоставување на ИМРР е унапредување на постоечката соработка помеѓу чинителите за регионален развој од сите сектори во Пелагонија ( бизнис, јавен и невладин). Проектот е технички и финансиски помогнат од страна на МЛС и Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП.