Свечено отворен Бизнис центарот во Пелагонискиот регион

На 8-ми откомври 2015 година во 11 часот во Хотел Милениум во Битола се одржа Свечено отворање на Бизнис Центарот во Пелагонискиот регион. На овој настан свое обраќање имаа Заменик министерот за локална самоуправа на РМ, г-дин Љупчо Пренџов, Претседателот на Советот на Пелагонискиот регион  и воедно градоначалник на Општина Ресен г-дин Ѓоко Стрезовски, заменик претседателката на регионалната стопанска комора во Битола г-ѓа Олгица Стојчевска и раководителката на ЦРППР г-ѓа Емилиа Ѓероска.

 

Бизнис Центарот започнува со работа со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РМ, во рамките на проектот за проширување на функциите на центрите за развој во насока на спроведување на активности и услуги за поддршка на бизнис секторот  во регионот.  Во рамките на овој проект,  ќе се организираат низа информативни средби, каде што ќе се  презентираат на различни финансиски инструменти, (фондови и програми) на кој што можат да аплицираат компаниите од регионот за одредена финансиска поддршка. Преку проектот ќе биде изработен Водич за инвестирање во Пелагонискиот регион, каде ќе бидат наведени сите предности за инвестирање во овој регион,  сите индустриски технолошки и економски зони во регионот со мапи и карактеристики на нивните површини, како и сите предности и олеснувања кои ги нудат овие зони.Ќе биде изработена Програма за работа на Бизнис центарот со годишен акциски план каде ќе бидат наведени активностите и задолженијата на овој бизнис центар во однос на поддршка на приватниот сектор во регионот. И исто ќе биде изработен веб портал investinpelagonijaregion, во кој ќе има регистар на компании од регионот, каде секоја компанија ќе може бесплатно да се регистрира во порталот, со свои контакти и дејност преку која сите домашни и странски компании ќе можат полесно да добијат пристап и контакт до нови потенцијални бизнис партнери, а исто така преку Бизнис Центарот ќе бидат постојано информирани за сите нови случувања од бизнис сферата и за сите отворени повици, програми и фондови преку кои ќе можат да се финансираат. На средбата се презентираше Порфолиото на услуги на Центарот за развој на Пелагонискиот регион и своја презентација имаа претставници од Македонска банка за поддршка на развојот.