Процесот на идентификација на ЈПП во општинските планови за ЛЕР – четврта обука

Четвртата обука од “Градиме пртнерства“ се одржа во Битола, во периодот 25-26 јануари 2011 година на тема: Процесот на идентификација на Јавно приватно партнерство (ЈПП) во општинските планови за локален економски развој.

Четвртата обука од “Градиме пртнерства“ се одржа во Битола, во периодот 25-26 јануари 2011 година на тема: Процесот на идентификација на Јавно приватно партнерство (ЈПП) во општинските планови за локален економски развој.Оваа обука беше наменета за претставниците на правните сектори и одделенијата за локален економски развој од 9-те Пелагониски оштини. Во текот на двата дена тие го проучуваа процесот на стратешко планирање на развојот на општините, односот помеѓу стратешкото планирање и буџетот на општината, областите во коишто може да се реализираат ЈПП проекти, приоритизација на идентификуваните ЈПП програми и проекти и логичката рамка, односно, методологија за идентификација на ЈПП програми и проекти. Оваа обука беше реализирана преку теоретска работа,, дискусии, практична работа и презентација на практичната работа.