За проектот



Проектот “Институционална надградба и координација за поддршка на бизнис актвностите во Пелагонискиот регион” го спроведува Центарот за развој на Пелагонискиот регион со финансиска поддршка од Министерство за Локална Самоуправа на Република Македонија преку Бирото за рамномерен регионален развој. Заради специфичната цел на активностите на проектот, иститот доби скратен наслов “Градиме партнерства”. Проектот е со времетраење од 12 месеци. Проектните активности започнаа со реализација во текот на месец септември 2010 година и планирано е да завршат во почетокот на месец август 2011 година.

Проектот “Градиме Партнерства” се спроведуваше низ три проектни модули:

Модул 1:Јакнење на капацитетите на релевантните чинители во регионот во однос на моделот на Јавно – приватно партнерство
Со цел да се зајакнат капацитетите на засегнатите субјекти во регионот во однос на можностите кои ги нуди концептот на ЈПП, во рамките на проектот преку неговиот прв модул беа организирани четири последователни работилници на кои учествуваа различни стејкхолдери и кои беа специјално дизајнирани за таргетот кој беше детектиран за да учествува во нив. Првата работилница се одржа во Битола, на 18.11.2010. Истата беше наменета за претставниците на бизнис-секторот во Пелагонискиот регион. На оваа работилница беа опфатени правната рамка на моделот на ЈПП како и можните области во кои истиот би можел да се примени. Втората работилница од овој модул се одржа во периодот од 15-17 фебруари 2011 година и беше наменета за претставниците на локланите самоуправи. Истата беше на тема ”Развивање на модели за ЈПП и предлози за ЈПП”. Третата работилница беше одржана во Битола во периодот од 24-25.02.2011 година. Учесници на оваа обука беа претставници на бизнис-секторот во Пелагонискиот регион и општинските администрации. На оваа работилница беа разлгедувани и дискутирани можните ЈПП проекти во Пелагонискиот регион кои би довеле до забрзан економски развој. Четвртата активност од овој модул беше работилница која се одржа во Прилеп на 01.03.2011 година и на која учествуваа претставници од биснис-секторот во Пелагонискиот регион и општинските администрации. Тема на оваа работилница беше постапката за доделување на договорот за ЈПП. По завршувањето на активностите од овој модул како краен резултат произлегоа идентификувани области каде моделот на ЈПП може да се употреби во насока на забрзување на еконосмкиот развој на Пелагонискиот регион и целни групи со зајакнати капацитети во врска со моделот на ЈПП и искористување на сите можности кои истиот ги нуди.

Модул2: Јакнење на капацитетите на релелвантните чинители во Пелагонискиот регион во однос на искористување на сите расположливи фондови кои им стојат на располагање
Во рамките на овој модул преку работилници и обуки беа зајакнати капацитетите на релевантните чинители во регионот во насока на искористување на сите фондови кои им им стојат на располагање преку претпристапната помош на Европската Унија, Програмите на Унијата и фондовите на билатералните донатори во Република Македонија. Првата обука во рамките на овој модул на тема “Подготвување на предлог проекти” беше организирана во периодот од 07-10.10.2010 година во Битола. Учесници на истата беа претставници на општинските администрации во Пелагонискиот регион. На оваа обука беа детално претставени клучните елементи на проектниот циклус, логичка рамка, анализа на засегнатите страни, дефинирање на проблеми, дефинирање на цели, поставуање на индикатори и нивна верификација. Втораа обука од овој модул се одржа во Битола во периодот од 15-16 декември 2010 година и беше на тема ”Бизнис вештини и можности за финансирање на бизниси”. Учесници на обуката беа претставници на бизнис-секторот во Пелагонискиот регион и претставници на одделенијата за локален економски развој во општините на регионот. Втората обука од овој модул беше на тема “Развивање на предлог-проекти за финасирање од претпристапни фондови на ЕУ и Програмите на Унијата ”. Оваа обука се одржа во периодот од 16-18 март 2011 и учесници на истата беа претставници на општините, претставници на бизнис секторот и претставници на граѓанскиот сектор во Пелагонискиот регион. За потребите на оваа обука беше користена странска екпсертска помош. Третата обука од овој модул се одржа во периодот од 13-14 април на тема ”Изнаоѓање на фондови”. На обуката зедоа учество претставници на бизнис секторот, граѓанскиот сектор и општинските администрации во Пелагонискиот регион. Последната обука од овој модул беше спроведена во периодот 27-28 април 2011 година на тема ”Донаторски процедури” и беше наменета за истиот таргет кој ги посети претходните три обуки. Целта беше преку еден циклус на обуки на поврзани теми да се создадат регионални капацитети за поефективно иксористување на средствата кои преку најразлични фондови и програми стојат на располагање на општините, бизнис секторот и граѓанскиот сектор во Пелагонискиот регион.

Модул 3:
Поддршка на бизнис активностите во регионот преку локални и регионални презентации на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион.
Во рамките на третиот модул на проектот “Градиме партнерства” беа имплементирани неколку активности во насока на поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот регион. Прва од нив беше деталната анализа на бизнис секторот во секоја од општините во регионот, и негово претставување преку веб страницата www.pelagonijabiznis.mk , која беше специјално изработена во рамките на проектот, а која треба да ги доближи можностите за инвестирање во регионот до потенцијалните домашни и странски инвеститори. Во рамките на овој модул беше изработен и промотиовен материјал (видео компакт диск) кој се користи за презентација на бизнис можностите на регонот пред потенцијалните инвеститори. Исто така во насока на поддршка на бизнис активностите во регионот беше изработен и Водич за инвестирање кој во детали ги содржи сите компаративни предности на Пелагонискиот регион претставени преку индустриските зони во регионот и потенцијалите со кои располага секоја од деветте општини во Пелагонија.
Главна алатка за реализација на целите предвидени со овој модул беа две регионални и три локални презентации на можностите за инвестирање во регионот. Регионалните презентации беа одржани во Корча, соседна Република Албанија и Лерин, соседна Република Грција. Овие презентации беа организирани во соработка со општина Корча (во Република Албанија) и Регионалната развојна агенција од Лерин (во Република Грција). На овие презентации беа присутни претставници од општинските администрации и власти, претставници од Стопанските комори во двата погранични региони, претставници на развојните институции во пограничните региони и секако потенцијални инвеститори од двете држави.
Локални презентации на можностите за инвестирање беа одржани три. Првата од нив беше во Демир Хисар и се однесуваше на можностите за инвестирање во општините Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани и Долнени. На оваа презентација присуствуваа претставници на општинските админстрации, Градоначалниците на општина Демир Хисар и Долнени и претставници на бизнис секторот од овие четири општини. Втората локална презентација беше одржана во Ресен и имаше за цел да ги презентира инвестициските потенцијали на оваа општина. Присутни гости на оваа презентација беа вработени во секторот за локален економски развој на општина Ресен и локални бизнисмени кои се и потенцијални инвеститори. Третата презентација беше одржана во општина Могила и на неа беа претставени можностите за инвестрање во двете соседни општини, Могила и Новаци. Присутни на оваа презентација беа Градоначалниците на двете општини и претставници на бизнис секторот во овие општини.
Успешното завршување на проектот ќе биде означено со завршна конференција на која ќе бидат презентирани постигнатите резултати на проектот во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, Минисерството за локална самоуправа, Бирото за рамноменрен регионален развој, Градоначалниците од Пелагонискиот регион, претставниците на општинските админситрации во регионот, претставниците на бизнис секторот во регионот, претставниците на граѓанското општество и останатите засегнати страни кои беа дел од имплементацијата на проектот или кои се крајни корисници на неговите резултати.