Јавно приватно партнерство

Јавно приватно партнерство (ЈПП) е обезбедување на јавни добра и услуги преку форма на партнерство помеѓу државен субјект од една страна и еден или повеќе приватни субјекти. ЈПП често се смета и за форма на јавна набавка. За разлика од класичните ,,набавки,, на инфраструктурни проекти и јавни услуги, јавно-приватното партнерство подразбира дека приватниот сектор може да има различно ниво на учество во одржувањето, работењето и управувањето, изградбата, развојот и финансирањето на инфраструктурата, односно во давањето на јавни услуги. Ова значи дека јавните услуги кои традиционално се вршат од страна на јавниот партнер, за одреден период на време, можат да бидат пренесени и да се вршат од страна на приватниот партнер или пак истиот се вклучува во изградба и одржување на инфраструктурни објекти.