Услужен сектор

Услужниот или терцијарниот сектор опфаќа деловни активности поврзани со знаење и време како обезбедување совети, информации, внимание, искуства и посредување. Тоа се неопипливи добра каде примарен фокус е интеракцијата меѓу субјектите, а не физичката трансформација на добрата.Пелагонискиот регион се карактеризира со развиен услужен сектор. Поголем дел е фокусиран на опслужување на населението и бизнисите во регионот, а дел е насочен кон клиенти надвор од регионот и кон странство. Клучна предност за инвеститорите во услужниот сектор е што регионот располага со млад и образован кадар, кој брзо може да се прилагоди на барањата на инвеститорите. Дел од образовниот процес е задолжителното изучување англиски јазик и втор странски јазик (по избор), а со оглед на интензивната прекугранична соработка со Грција, сe поголем број граѓани зборуваат грчки јазик.