Индустриски сектор

Индустријата претставува организирана економска активност која се однесува на производство, експлоатација и обработка на економски добра (материјал или услуга) во рамките на една економија.Пелагонискиот плански регион нуди најповолни услови за развој на регионалната економија врз база на индустријата; преку секторот земјоделство, којшто се карактеризира со силна специјализација на производството во три главни групи на индустриски култури: житарици (пченица, јачмен, пченка, шеќерна репка, сончоглед луцерката и крмната пченка,) за кои идеално одговара Битолскиот дел од Пелагонија, потоа, тутунот застапен во Прилепскиот дел од Пелагонија кој претставува најголем производител на тутун во Македонија, а оној од типот Вирџинија – доминантен е на подрачјето на општина Могила, како и овоштарството (јаболката) најмногу присутни во Ресенскиот дел. Секоја година овоштарството во Пелагонискиот регион бележи значителен пораст, посебно во делот на вишните, кајсиите, сливите, праските, оревите и најмногу, јаболката.Во Пелагонија најразвиена е прехранбената индустрија, а како најголема житница во Македонија, на нејзиното подрачје се наоѓаат и најголемите мелничарски комбинати „Жито Битола” и „Жито Прилеп”. Во Прилеп се наоѓаат прехранбената индустрија „Витаминка”, Тутунскиот комбинат и Прилепска пиварница, а во Битола се лоцирани Пиварница Битола, Шеќерана, Фабриката за квасец и неколку млекарници итн. Доста развиена е и металската индустрија и во Битола и во Прилеп, а развиени се и стакларската, индустријата за електрични апарати итн.

Во Битолското поле големи се резервите на јаглен, поради што работат два рудника за негово исцрпување: „Суводол” и „Гнеотино”. Тука се наоѓа и најголемата термо електрична централа во државата „ТЕЦ Битола”.
Инвестициските можности во Пелагонискиот регион се мошне поволни, како и на целата територија на Македонија, а посебно во секторите индустрија и рударство, агробизнис и преработка на храна, информатичка технологија, градежништво, облека и текстил, тутун и цигари, туризам, недвижности. Структурата на производство во регионот се одликува со 50 процентна доминација на индустријата, а потоа следат услугите со 39%. За детално запознавање со инвестициските поволности во Македонија можете да ја посетитете страната www.investinmacedonia.com

Во Пелагонискиот регион планирани се повеќе индустриски зони, од кои најзначајни за регионот треба да бидат „Жабени“ во близина на Битола и „Алинци“ во близина на Прилеп.И покрај потенцијалните и добри природни и трудови ресурси на земјата, сепак постојат недоволно развиени и неексплоатирани сектори, кои претставуваат извонредна можност за странските инвеститори. Производството на храна и пијалоци, енергетиката, текстилот и кожната индустрија, металите, ту¬тунската индустрија, хемикалиите, градежните материјали, зем¬јоделските и сточарските производи, цивилното инжинерство и посредничката трговија и услугите се најважни области во маке¬донската економија.Индустријата за производство на храна и пијалоци е до¬бро позиционирана во земјата и учествува со значаен дел во вкупното земјоделско производство. Претставниците на оваа индустрија се македонски компании кои произ¬ведуваат сурово и преработено овошје и зеленчук, вино и пиво и имаат годишен капацитет од 25.000 тони прера¬ботено овошје, 30.000 тони преработен зеленчук, 15.000 тони конфекциски производи, приближно 200.000 тони грозје, околу 200.000 тони винско грозје и сл. Деведесет проценти од вкупното производство на вино во Македонија се извезува.