Трговски сектор

Трговијата претставува размена на добра и/или услуги помеѓу две или повеќе странки. Пелагонискиот плански регион има значаен удел во создавањето поволна деловна клима во државата. Носители на економскиот развој во регионот се микро и малите претпријатија. Инвестициските можности во Пелагонискиот регион се мошне поволни. Покрај другите сектори кои се застапени во Пелагонискиот регион и кои што овозможуваат одржлив економски развој, трговијата зема голем удел со оглед на можностите што ги нуди овој регион за развивање на бизнис и трговија. Трговијата е секторот кој се одликува со највисока концентрација на мали и средни претпријатија, и којшто забележува стандарден тренд на зголемување на нејзиниот обем, посебно трговијата на мало. Доказ за ова е и големиот број на регистрирани и активни трговски фирми од различни профили лоцирани во општините на Пелагонискиот плански регион а кои се дел од широкиот и богат пазар од: производство и трговија на текстил, енергетика, градежништво, печатарство, млеко и млечни производи, месо и месни преработки, храна и пијалаци, трговија на кожа, метално и неметално производство, производство на тутун, трговија со електронска и компјутерска опрема, преработка и трговија со дрвена граѓа, хартија и други.Исто така трговскиот сектор во Пелагонискиот регион е формално организиран преку различни организации, стопански комори, фондации и други здруженија кои го потпомогнуваат развојот на трговијата и трговскиот сектор во општините.