ИКТ сектор

Секторот на информатичките и комуникациски технологии во нашата земја е доста развиен и е богат со најновите ИКТ понуди и можности. Пазарот на ИКТ постојано се зголемува и проширува. Хардверот е најширокиот и најдинамичниот сегмент на македонскиот ИКТ пазар одземајќи близу три четвртини од вкупниот ИКТ пазар. Втор сегмент е ИКТ услуги, а како трет сегмент се јавува софтвер пакувањата. Овој раст се случува благодарејќи на инвестициите на владата и телекомуникациските претпријатија во ИКТ, потрошувачката во финансискиот сектор, намалувањето на цената на ИКТ опремата и намалувањето на ДДВ за опремата.

Миксот на структура на ИКТ производи и услуги се состои од фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет, кабловска телевизија и дигитална телевизија. Во сите ИКТ производи и структури Македонија е меѓу водечките во регионот.

Целокупната телекомуникациска инфраструктура и покриеноста на сигналот на мобилната телефонија, дигиталната телевизија и достапноста на интернет мрежа е на напредно ниво.

Голем број на странски компании како Seavus (Шведска), Netcetera (Швајцарија), M Soft (Франција) и други успешно развиваат софтвери во Македонија за надворешниот пазар. Други компании обезбедуваат 24/7 телефонска поддршка за клиентите за поголемите меѓународни ИТ компании. Во сферата на фиксната и мобилната телефонија, интернет услугите и дигиталната телевизија како главни инвеститори се странски еминентни компании, кои сите овие услуги ги нудат и во пакет на услуги.

Македонија има одлична понуда на добро образовани информатичари и прифатлива цена на експертизата за инвеститорите. Околу 500 новодипломирани ИТ инженери произлегуваат на годишно ниво од универзитетите.

Во Македонија постојат голем број на едукативни центри за ИКТ, организирани како државни или приватни универзитети и факултети низ целата држава, вклучително и во Пелагонискиот регион на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола.