Финансиски институции

Банки и штедилници
Банкарскиот систем во Р. Македонија е регулиран со Законот за банки и Законот за Народна банка на Република Македонија (НБРМ) (www.nbrm.mk). Банките во Р. Македонија се основаат како акционерски друштва со седиште во
Р.Македонија и почетен капитал од 5 милиони евра во денарска противвредност. Согласно член 7 од Законот за банки, странски банки можат, преку нивно претставништво/филијала во Р.Македонија, да вршат банкарски
работи и други финансиски активности за кои се овластени во нивните матични земји. НБРМ е единствена овластена институција за давање на лиценци на банки и за супервизија на банките во Р.Македонија. Банкарскиот систем
на Р. Македонија го сочинуваат 16 банки, 1 претставништво на странска банка, 8 штедилници и Македонската банка за поддршка на развојот АД Скопје (МБПР), која е целосно во сопственост на државата, извршува специфични
финансиски активности во согласност со Законот за Македонска банка за поддршка на развојот. Странскиот капитал во банкарскиот сектор е од особено значење од вкупниот број на банки во Р. Македонија. 13 банки се
во сопственост на странски акционери, од кои 7 се во сопственост на странски банки.Поголемиот број банки имаат развиена мрежа на филијали во поголемите градови на Р. Македонија, вклучително и во Пелагонискиот регион.

Повеќе информации:
Закон за банки www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_bankite.pdf
Закон за НБРМ www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_nbrm.pdf
Закон за МБПР www.finance.gov.mk/files/u11/n_za_makedonska_banka_za_podrska_na_razvojot.pdf

БАНКИ
1.Алфа банка АД Скопје www.alphabank.com.mk
2.Еуростандард банка АД Скопје www.eurostandard.com.mk
3.Зираат банка АД Скопје www.ziraatbank.com.mk
4.Извозна и Кредитна Банка АД Скопје www.ikbanka.com.mk
5.Капитал банка АД Скопје www.capitalbank.com.mk
6.Комерцијална банка АД Скопје www.kb.com.mk
7.НЛБ Тутунска банка АД Скопје www.tb.com.mk
8.Охридска банка АД Охрид www.ob.com.mk
9.Поштенска банка АД Скопје www.postbank.com.mk
10.ПроКредит банка АД Скопје www.procreditbank.com.mk
11.Стопанска банка АД Битола, www.stbbt.com.mk
12.Стопанска банка АД Скопје www.stb.com.mk
13.ТТК Банка АД Скопје www.ttk.com.mk
14.Универзална инвестициона банка АД Скопје www.unibank.com.mk
15.Централна кооперативна банка АД Скопје, www.ccbank.mk
16.Шпаркасе банка Македонија АД Скопје www.investbanka.com.mk
17.Македонската банка за поддршка на развојот АД Скопје www.mbdp.com.mk

МБПР ги реализира своите кредитни програми преку деловните банки во Р.Македонија, со кои има склучено рамковни договори за учество во реализацијата на односните кредитни линии (Кредити за извоз и Кредити за инвестиции).
www.mbdp.com.mk/mbdp.php?page=banki_ucesnicki

18. Unicredit Bank Austria AG Претставништво - Скопје
Повеќе информации за постоечките банки во Р.Македонија:
www.nbrm.mk/default.asp?ItemID=399A27D11EC83242A0FD970E35D44CA3

ШТЕДИЛНИЦИ

1.АЛ КОСА А.Д. - Штип www.alkosa.com.mk
2.Баваг д.о.о.- Скопје
3.ФУЛМ штедилница д.о.о.-Скопје www.fulm.com.mk
4.Интерфалко - Скопје
5.Пеон - Струмица www.peon.com.mk
6.Мак- БС – Скопје www.makbs.com.mk
7.Можности - Скопје www.moznosti.com.mk
8.Младинец д.о.о. - Скопје

Повеќе информации за постоечките штедилници во Р. Македонија:
www.nbrm.mk/default.asp?ItemID=154B2563672E97499013B5664222EB68

Компании за лизинг

Согласно Законот за лизинг со кој е регулиран финансискиот лизинг, Министерството за финансии на Р.Македонија www.finance.gov.mk е овластена институција за издавање и одземање на лиценци за вршење на финансиски лизинг. Kомпаниите за лизинг се основаат согласно Законот за трговски друштва. Во Р. Македоноија има вкупно регистрирани 8 лизинг компании.
1.NLB Лизинг (ЛБИС дооел Скопје ) www.nlblizing.com.mk
2.Хипо Алпе Лизинг www.hypo-alpe-adria.com.mk
3.Maklease - Скопје www.maklease.com.mk
4.Еуролизинг ДООЕЛ Скопје www.euroleasing.com.mk
5.Еуропкар
6.Микро кредит лизинг сосиети ДОО Скопје www.mikroleasing.com
7.Порше лизинг ДООЕЛ Скопје www.porscheleasing.com.mk
8.С-лизинг ДОО Скопје www.s-leasing.mk

Повеќе информации:
Законот за лизинг www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_lizing_precisten.pdf

Осигурителни друштва

Осигурителните друштва најчесто даваат осигурување на моторни возила од одговорност трети лица (ова е задолжително осигурување), каско осигурување, осигурување на индустриска сопственост, осигурување на граѓанска сопственост, осигурување од несреќа, патничко осигурување и животно осигурување.Осигурителните друштва работат согласно Законот за супервизија на осигурувањето и Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Одредбите од овие закони исто така се однесуваат на осигурителни друштва кои имаат нивно седиште во странска земја, додека склучуваат осигурителни договори или на друг начин ги промовираат нивните услуги во Р. Македонија, по истекот на транзицискиот период одреден во законот.И домашните и странските правни лица и/или физички лица можат да основаат осигурително друштво во форма на акционерско друштво. Акционерскиот капитал на осигурително друштво мора да биде на ниво кое не е пониско од Гарантниот фонд. Друштво за реосигурување треба да поседува најмалку 4,5 милиони евра акционерски капитал за да ги врши активните реосигурителни операции.
Министерството за финансии на Р.Македонија (www.finance.gov.mk) е овластена институција за супервизија на осигурувањето преку воспоставени процеси на издавање дозволи, теренска и нетеренска супервизија и издавање на мерки за супервизија, за да се заштитат интересите на осигурениците и за да се промовира сигурен и конкурентен осигурителен пазар.

Повеќе информации:
Закон за супервизија на осигурувањето
www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_supervizija_osiguruvanje.pdf

Законот за задолжително осигурување во сообраќајот
www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_zadolzitelno.pdf

Пазар на хартии од вредност, брокерски куќи и инвестициски фондови

Пазарот за хартии од вредност во Р. Македонија функционира врз основа на Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициски фондови и Законот за превземање на акционерски друштва. Македонската берза за хартии од вредност www.mse.org.mk е основана во 1995 година како акционерско друштво и единствена организирана берза на хартии од вредност во Р. Македонија. На официјалниот пазар друштвата се пријавуваат за котација, доколку ги исполниле условите утврдени согласно Правилникот за котација на хартии од вредност. Истовремено, котираното друштво презема обврска да ги објавува редовно во јавноста сите ценовно осетливи информации, кои може да влијаат на нивото на цената на акциите.

На Македонска берза има 4 пазарни сегменти т.е. Официјален пазар (Суперкотација и котација) каде котираат 34 акционерски друштва, Редовниот пазар кој се дели на Пазар на акционерски друштва со посебни обврски за известување и Слободен пазар, Блок трансакции и Јавни берзански аукции. На Македонска берза може да се тргува со сопственички хартии од вредност (обични и приоритетни акции) и со должнички хартии од вредност (обврзници) од кои со државни обврзниците на Р. Македонија емитувани по основ подмирување на обврските за "старото" девизно штедење и обврзници емитувани од Р.Македонија како еден вид секјуритизација на стари долгови, до сега се направени 8 емисии на државни обврзници по основ денационализација.

Тргувањето на Македонската берза се одвива пет пати неделно (понеделник, вторник, среда, четврток и петок) од 09:00 до 13:00 часот, преку берзанскиот електронски систем на тргување (БЕСТ), според системот на налози. На посебен пазарен сегмент се тргува според класичниот систем на аукција со резидуалните акции во сопственост на државата.

Инвеститорите можат да тргуваат со хартии од вредност на Македонкса берза само преку овластени брокерски куќи регистрирани во Р.Македонија во форма на акционерски друштва и со дозвола од Комисијата за хартии од вредност. Во Р.Македонија има вкупно 19 брокерски куќи (листа на брокерски куќи во Р.Македонија www.mse.org.mk/Brokers.aspx).

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (www.sec.gov.mk) е самостојно и независно регулаторно тело кое врши јавни овластувања утврдени со Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициони фондови, Законот за преземање на акционерски друштва и сите подзаконски акти, кои произлегуваат од нив. Основана е на 19.06.1992 година со Одлука на Владата на Република Македонија.

Комисијата го регулира и го контролира работењето со хартии од вредност на територијата на Република Македонија. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, се грижи за законито и ефикасно функционирање на пазарот на хартии од вредност и за заштита на правата на инвеститорите, со цел постојано да се јакне довербата на јавноста во институциите на пазарот на хартии од вредност во земјава.
Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје (www.cdhv.org.mk) е основан како акционерско друштво со цел воспоставување на централен регистар за хартии од вредност, кој ќе ги опфати сите активни акции и обврзници во Р. Македонија. Дематеријализацијата и централната регистрација на сите хартии од вредност во Македонија ја зголемува заштитата на правата на инвеститорите и ја подобрува довербата во Македонскиот финансиски пазар. Основни функции на ЦДХВ АД Скопје:
• водење регистар на хартиите од вредност;
• давање меѓународен број за идентификација на хартиите од вредност (ISIN) за сите емисии на хартиите од вредност;
• запишување на сопствениците на хартии од вредност;
• порамнување на трговските трансакции според принципот испорака наспроти плаќање;
• вршење на нетрговските преноси;
• овозможување услови за позајмување на хартиите од вредност;
• следење на финансиската состојба на неговите членки, со цел управување со ризикот поврзан со можно непорамнување на трговските трансакции и
• вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.
Согласно Законот за инвестициски фондови во Р. Македонија може да се регистрираат отворени, затворени и приватни инвестициски фондови. Со нив управуваат Друштва за управување со инвестициски фондови. Во Р. Македонија има 4 Друштва за управување со отворени инвестициски фондови кои управуват со 8 отворени инвестициски фондови. Освен овие фондови, регистрирани се и 12 приватни инвестициски фондови управувани од 7 Друштва за управување со приватни фондови. Најголемиот број на инвестициски фондови моментално инвестираат во хартии од вредност (акции и обврзници) на домашните и странски берзи, освен еден инвестициски фонд (Small Investment Fund - SIF) управуван од СПМГ КАПИТАЛ ДООЕЛ Скопје (www.spmg.com.mk) кое е друштво за управувување со private equity.
SIF инвестира во растечките микро, мали и средни компании (компании во рана фаза од својот развој, микро фирми кои прераснале во мали фирми и други мали компании, вклучувајќи ги и т.н “start up” фирми) во различни сектори. Потенцијалните фирми треба да имаат умерен до висок потенцијал за раст, способни менаџери со интегритет, амбиција и постигнати успеси од работењето, кои се отворени да учат од СИФ. Фондот исто така ќе инвестира во фирми кои се во почетна или рана фаза од својот развој, кои се во сопственост или се управувани од искусни претприемачи отворени за партнерство и соработка. SIF превзема сопственост во компанијата било како малцински (најчесто) или мнозински сопственик. Фондот инвестира исклучиво средства кои се користат за докапитализација на компаниите, со превземање на минимум 20% сопственост во тие компаниии, при што се користат и други видови на финансиски инструменти. Инвестициите на SIF се движат во рангот од $50,000 до $150,000. Со зголемувањето на капитализацијата на SIF ќе се зголеми и горниот ранг на поединечните инвестиции.
Повеќе информации за инвестициските фондови во Р.Македонија:
www.sec.gov.mk/default.aspx?item=privatefunds&subitem=privatefundslist
www.sec.gov.mk/default.aspx?item=openfunds&subitem=openfundslist

Повеќе информации:
Закон за хартии од вредност
www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_hartii_od_vrednost_0.pdf
Закон за инвестициски фондови
www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_investiciski_fondovi_1.pdf

Меѓународни финсиски институции

Светска банка (World Bank-WB) (www.worldbank.org) е витален извор на финансирање и техничка помош за земјите во развој. Мисијата на Светска банка е да се бори со сиромаштијата со страст и професионализам со цел да се постигнат трајни резултати и да им помага на луѓето да си помогнат сами на себе и на нивната околина преку обезбедување ресурси, споделување на знаење, градење на капцитети и поттикнување на партнерство меѓу јавниот и приватен сектор.
Светска банка не е банка во општа смисла, туку е основана од две единствени институции кои се во сопственост на 187 земји членки, Меѓународната банка за реконструкција и развој (IBRD) и Меѓународната асоцијација за развој (IDA). Секоја од институциите има различна улога во напредокот на визијата за широка и одржлива глобализација. Целта на IBRD е да ја намали сиромаштијата во земјите со среден приход и сиромашните земји со кредибилитет, додека IDA се фокусира на најсиромашните земји во светот. Нивната работа е надополнета од Меѓународната финансиска корпорација (International Finance Corporation-IFC), Мултилатералната инвестициска и гаранциска агенција (MIGA) и Меѓународниот центар за подмирување на инвестициски спорови (ICSID). Заедно овие меѓународни институции обезбедуваат заеми со ниска каматна стапка, кредити без каматни стапки и грантови на земјите во развој за широк спектар намени кои вклучуваат инвестиции во образование, здравство, јавна администрација, инфраструктура, развој на финансиски и приватен сектор, земјоделие и управување со животна средина и природни ресурси.
Светската банка е основана во 1944 година со седиште во Вашингтон и има повеќе од 100 канцеларии во светот. Р. Македонија и се приклучи на Светската Банка од 1993 година. Светската банка има портфолио од 14 заеми и четири грантови со вкупен износ од 337,4 милиони долари во обврски за периодот 2007-2010 година. Целта на групацијата на Светската Банка во текот на 2011 – 2014 година е да обезбеди селективно и фокусирано финансирање и знаење и советодавни услуги како поддршка на побрз, посеопфатен и поеколошки економски раст. Светска Банка ќе го забрза консолидирањето на портфолиото во насока на постигнување на програма на заеми која ќе вклучува помалку, а поголеми проекти. Вкупниот обем на нови средства ангажирани од страна на МБОР за 2011 и 2012 година се очекува да изнесува нешто повеќе од 100 милиони УСД.

Р.Македонија е акционер и членка на IFC од 1993 година. Заклучно со јули 2010 година портолиото на IFC во Р.Македонија изнесува 94,7 милиони УСД. Целта на советодавните услуги на IFC е да се подобри инвестициската клима, работењето на компаниите од приватниот сектор, пристап до финансирање и да се привлече приватниот сектор да учествува во развојот на инфраструктурните проекти.

Европска инвестициска банка (European Investment Bank-EIB) (www.eib.org) е банка на Европската Унија и ги надополнува целите на Европската Унија обезбедувајќи долгорочни финансии за сигурни инвестиции. Основана е во 1958 година и работи во 27 ЕУ земји членки и во повеќе од 130 други земји. Надвор од ЕУ EIB поддржува проекти кои допринесуваат за економски развој на земјите кои имаат потпишано договори за ацосијација или соработка со ЕУ. EIB Групацијата им нуди на своите клиенти 4 главни услуги: заеми, техничка помош, гаранции и венчер капитал. ЕИБ позајмувањето е управувано од неколку мандати од Европска Унија за поддршка на ЕУ политиките за развој и соработка во земјите-партнери.
EIB е активна во Западен Балкан од 1977 година и моментално е најголем меѓународен финансиер во регионот. Во последните 10 години има финансирано проекти во вкупна вредност преку 6,2 милијарди во регионот. Банката се фокусира во овој регион на спроведување на проекти од транспортот, енергијата, здравството и образованието, поддршка на малите и средни претпријатија и локалните власти, индустрија и услуги, вода и санитарни услуги. Од 1998 година, EIB има дадено заем со вкупна вредност од приближно 280 милиони евра за проекти во Р.Македонија.
Европска банка за обнова и развој (European Bank for reconstruction and development - EBRD) (www.ebrd.com) од своето основање од 1991 година стана најголем финансиски инвеститор во нивната област и тоа од централна Европа и Западен Балкан до Централна Азија. Со способноста и волјата да се преземе ризикот од нивните клиенти, EBRD им помага на земјите во регионот да бидат отворени пазарни економии. EBRD ја поседува 61 земја, Европската Унија и Европската инвестициска банка (EIB).
EBRD обезбедува финансирање на проекти на банки, индустрии и бизниси, како ново основани друштва, така и инвестиции во постоечки компании. Исто така, соработува со јавно поседувани друштва. Секој од проектите е по мерка на потребите на клиентите и на специфичните услови во земјата, регионот и секторот. Директните инвестиции генерално се од 5 милиони евра до 230 милиони евра. EBRD обезбедува заеми и капитални финасирања, гаранции, лизинг и трговски финасирања, најчесто финансирањата се до 35% од вкупните трошоци на проектот. Преку донаторските фондови EBRD мобилизира капитал за инвестиции и експертиза давајќи им при тоа можност на локалните бизниси за пристап до консултанти-експерти. Донорската програма е финансирана од владите и меѓународните институции и е управувана од страна на EBRD.
EBRD уште од почетокот на нејзините операции во Р. Македонија има доверено 510 милиони евра во повеќе од 40 проекти во клучни сектори на македонската економија, мобилизирајќи дополнителни инвестиции во износ поголем од 620 милиони евра. EBRD е акционер во неколку македонски комерцијални банки и обезбедува кредитни линии преку комерцијалните банки за финансирање на проекти за развој на мали и средни претпријатија, како и проекти за енергетска ефикасност и мали проекти за обновливи извори на енергија кои ќе бидат применети од приватниот сектор.
Целта на EBRD во Р.Македонија е да и помогне на земјата да ги исполни успешно предизвиците за претпристапна институционална и економска реформа. EBRD обезбедува поддршката за развој на локалната и регионална транспортна мрежа со цел да го промовира економскиот развој и трговија.
Меѓународен Монетарен Фонд (International Monetary Fund - IMF) (www.imf.org) е организација од 187 земји, со цел да се зајакне глобалната монетарна соработка, да се обезбеди финансиска стабилност, да се олесни меѓународната трговија, да се промовира висока вработеност и оддржлив економски раст, и да се намали сиромаштијата во светот. IMF промовира меѓународна монетарна соработка и стабилност на девизните курсеви, го олеснува врамнотежениот раст на меѓународната трговија и обезбедува ресурси за да им помогне на земјите – членки во потешкотиите во платните биланси или да им помогне да ја намалат сиромаштијата.
Македонија е членка на IMF од 1992 година. Во декември 2010 година Р.Македонија склучи договор со Меѓународниот монетарен фонд за кредитна линија за претпазливост (ПСЛ) и стана прватата земја во светот која ќе може да го користи овој нов финансиски инструмент. Во следниве две години на земјата ќе и бидат на располагање 480 милиони евра. Оваа кредитна линија е достапна само за земји-членки на IMF кои имаат здрави економски основи и политики, а кои немаат потреба од финансирање, но, се соочуваат со ризици што би можеле да доведат до таква потреба. Кредитната линија носи осигурување доколку македонската економија е изложена на одредени шокови од било каков карактер, а од друга страна е јасен сигнал до странските инвеститори и кредитори дека ММФ верува во македонската економија.