Туристичко-угостителски сектор

Туризам е патување за рекреација, одмор или бизнис цели. Светската туристичка организација ги дефинира туристите како луѓе кои „патуваат и остануваат во места надвор од нивната вообичаена околина повеќе од дваесет и четири (24) часа и не повеќе од една последователна година за одмор, бизнис и други цели кои не се поврзани со извршување активност исплатена во местото кое се посетува“.Туризмот во Пелагонија има долга традиција. Регионот нуди еден совршен микс на минатото и сегашноста и овде може да се искуси модерниот живот и традицијата, се на едно место. Луѓето од Пелагонија се познати по својата гостопримливост. Тие се љубезни и пријателски настроени и ќе ви понудат да вкусите од нивната храна, виното и домашната ракија. Ќе ви понудат да престојувате во нивните домови, што е вообичаена традиција стекната и негувана низ вековите. Тие исто така ќе споделат дел од нивните животни приказни во моментите поминати покрај семејното огниште.Регионот Пелагонија туризмот го смета како една од приоритетните гранки за развој, и заради тоа огромен дел од напорите се насочени кон инвестирање во развивање и промоција на туристичките потенцијали и атракции на овој регион. Прекрасното и богато природно наследство со националните паркови Пелистер и Галичица, заштитените места “Маркови Кули“, “Мечкин Камен“, планините Баба, Даутица, Ниџе, езерата “Пелистерски очи“, Преспанското езеро, пештерите и многу други атрактивни и интересни локалитети нудат одлична можност за развивање на одржлив туризам. Разновидното културно наследство со голем број на споменици, верски објекти, музеи археолошки места кои датираат од бронзеното време, византискиот период и отоманското време, разните настани и фестивали како “Бит Фест“, “Браќа Манаки“, “Фолк Фест“, Пиво Фест“ и други, заедно со богатиот избор на храна, можностите за спортување, забава и шопинг, претставуваaт голем туристички потенцијал на Пелагонискиот плански регион. Во Пелагонискиот плански регион на располагање за користење стојат голем број на сместувачки капацитети како хотели, мотели, приватни сместувалишта и места за кампување.