Банкарски сектор

Банкарскиот сектор е главен финансиски столб во земјата. Банкарскиот сектор на Р. Македонија го сочинуваат 16 банки, 1 претставништво на странска банка, 8 штедилници и Македонската банка за поддршка на развојот АД Скопје (МБПР), која извршува специфични финансиски активности. Освен МБПР, сите други банки се универзални банки. Во зависност од обемот на вкупната актива баките се групирани на големи, средни и мали. Банкарскиот систем е високо сконцентриран, со учество од приближно 68% на големите банки во вкупните банкарски активности. Македонските банки се главно во сопственост на приватен капитал, особено големите и средни банки. Странскиот капитал во банкарскиот сектор е од особено значење од вкупниот број на банки во Р. Македонија 13 банки се во сопственост на странски акционери, од кои 7 се во сопственост на странски банки. Константното зголемување на учеството на странскиот капитал во македонските банки е резултат на заинтересираноста на странските портфолио инвеститори за тргување со нивните акции, како и заинтересираноста на странските инвеститори за учество во овој профитабилен сектор. Поради трендот на продолжување на банкарската консолидација, конкурентноста на пазарот расте, при што резултира и со ширење на финансиското посредување и подобрување на квалитетот на банкарските услуги. Поголемиот број банки имаат развиена мрежа на филијали во поголемите градови на Р. Македонија, вклучително и во Пелагонискиот регион.

БАНКИ
1.Алфа банка АД Скопје www.alphabank.com.mk
2.Еуростандард банка АД Скопје www.eurostandard.com.mk
3.Зираат банка АД Скопје www.ziraatbank.com.mk
4.Извозна и Кредитна Банка АД Скопје www.ikbanka.com.mk
5.Капитал банка АД Скопје www.capitalbank.com.mk
6.Комерцијална банка АД Скопје www.kb.com.mk
7.НЛБ Тутунска банка АД Скопје www.tb.com.mk
8.Охридска банка АД Охрид www.ob.com.mk
9.Поштенска банка АД Скопје www.postbank.com.mk
10.ПроКредит банка АД Скопје www.procreditbank.com.mk
11.Стопанска банка АД Битола, www.stbbt.com.mk
12.Стопанска банка АД Скопје www.stb.com.mk
13.ТТК Банка АД Скопје www.ttk.com.mk
14.Универзална инвестициона банка АД Скопје www.unibank.com.mk
15.Централна кооперативна банка АД Скопје, www.ccbank.mk
16.Шпаркасе банка Македонија АД Скопје www.investbanka.com.mk
17.Македонската банка за поддршка на развојот АД Скопје www.mbdp.com.mk

МБПР ги реализира своите кредитни програми преку деловните банки во Р.Македонија, со кои има склучено рамковни договори за учество во реализацијата на односните кредитни линии (Кредити за извоз и Кредити за инвестиции). www.mbdp.com.mk/mbdp.php?page=banki_ucesnicki

18. Unicredit Bank Austria AG Претставништво - Скопје
Повеќе информации за постоечките банки во Р.Македонија:
www.nbrm.mk/default.asp?ItemID=399A27D11EC83242A0FD970E35D44CA3

ШТЕДИЛНИЦИ

1.АЛ КОСА А.Д. - Штип www.alkosa.com.mk
2.Баваг д.о.о.- Скопје
3.ФУЛМ штедилница д.о.о.-Скопје www.fulm.com.mk
4.Интерфалко - Скопје
5.Пеон - Струмица www.peon.com.mk
6.Мак- БС – Скопје www.makbs.com.mk
7.Можности - Скопје www.moznosti.com.mk
8.Младинец д.о.о. - Скопје

Повеќе информации за постоечките штедилници во Р. Македонија:
www.nbrm.mk/default.asp?ItemID=154B2563672E97499013B5664222EB68