„Градиме партнерства“ - Прва обука

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 7-10 Октомври, 2010 година, во х. „Милениум“ Битола ја организира првата обука во рамките на проектот „Градиме партнерства“ којашто се однесува на развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни фондови на ЕУ.Оваа обука е наменета за администрацијата во локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, пред сe, одделенијата за локален економски развој.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 7-10 Октомври, 2010 година, во х. „Милениум“ Битола ја организира првата обука во рамките на проектот „Градиме партнерства“ којашто се однесува на развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни фондови на ЕУ.Оваа обука е наменета за администрацијата во локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, пред сe, одделенијата за локален економски развој.Врз основа на презентации на концепти, теории, практична работа, работа во групи и дискусии, учесниците ќе се запознаат со проектниот менаџмент, фазите на проектниот циклус, раководењето со него, ќе се оспособат за идентификување проблеми, нивна анализа и претворање во цели, ќе знаат да ја постават основата на добар проект (логичка рамка, логика на интервенција и сл), ќе знаат да подготват детални акциски планови, ќе се запознаат со процесот на буџетирање и видовите буџети, како и со правилата за ЕУ аплицирање. На овој начин, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион инвестира во развојот на капацитетите на јавниот сектор преку воспоставување на организиран и структуиран тим, опремен со неопходни вештини во секоја од Пелагониските општини способен да ги координира и поддржи бизнис активностите во регионот.