Градежен сектор

Македонија има добар градежен еснаф, кој континуирано се развива. Тој е меѓународно признат за своjoт квалификуван кадар, креативност, вештини и употребата на модерна технологија. Повеќе македонски градежни претпријатија се активни во земјите од Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Русија. Градежниот сектор во земјата ги опфаќа сите видови на градби (ниска, висока, хидроградба).
Сите поголеми градежни претпријатија од државата оперираат и на територијата на Пелагонискиот плански регион. Во Пелагонија постојат и голем број на локални градежни претпријатија кои имаат капацитет да одговараат на сите барања на пазарот на градежништво. Тие се профилирани за изведба на сите видови на градби како: резиденцијални колективни и индивидуални згради, деловни и индустриски објекти, патна инфраструктура, хидроградежни и други зафати. Некои од нив се: ГП Пелагонија.... (Рубин, ако е потребно, те молам наведи други).
Очекувањата за градежниот сектор во Македонија, во следниве неколку години се исклучително позитивни. Тоа е резултат на неколку фактори, како на пример: големиот број инвестиции кои што се во тек или во најава од страна на државата и на приватниот сектор, децентрализацијата на правото на продажбата на државно земјиште на ниво на општини, драстично поедноставување на процедурите за прибавување градежни и други пропратни дозволи и конечно, позитивните економски перформанси и растот на животниот стандард.
Сето ова значи дека инвеститорите можат да се потпрат на сигурен градежен сектор за реализација на планираните инвестии или пак поттик да се инвестира токму во градежниот сектор.