Што е ИПАРД?

Што е ИПАРД?

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД (2007 – 2013) за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.


Мерки по ИПАРД

ИПАРД фондовите задолжително се трошат по утврдените мерки во ИПАРД Програмата и тоа за:

  • Мерка 101 - Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
  • Мерка 103 - Инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
  • Мерка 302 - Инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности


Цели на ИПАРД

Основните придобивки за Република Македонија од реализација на ИПАРД Програмата (2007-2013) се: 2013) се:

  • Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската Унија преку реструктуирање и надградба на земјоделско- прехрамбениот сектор до стандардите на ЕУ како и преку зголемување на конкурентноста на земјоделските и земјоделско прехрамбените производи со цел подготовка на земјоделскиот сектор за пристап кон ЕУ.
  • Развој на руралната економија преку диверзификација на економските активности во руралните средини со цел да му се овозможи на руралното население дополнителни извори на приход и отварање на нови можности за вработување во руралните области.