Оглас за распределба на 44 хектaри државно земјоделско земјиште во Битолско

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен оглас за распределба на приближно 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско. Заинтересираните субјекти, увид во податоците за огласеното земјиште може да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство во Битола.За подигање на маслинарници, времетраењето на закупот е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници и хмељ) како и за оранжерии закупот е до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавење на државното земјоделско земјиште за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување на други земјоделски култури и за ливади, закупот е до 15 години.Големината на површината на земјоделско земјиште која ке ја добие еден понудувач ке се утврди врз основа на неколку дефинирани критериуми во огласот, а кои се утврдени со Законот за земјоделско земјиште како што се минимално материјално – техничка опременост на понудувачот,бројот на планирани вработувања според бизнис планот. Почетната цена по хектар ќе се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Таа за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа изнесува 25 евра во денарска противредност и 15 евра за земјиште од 5 до 8 катастарска класа.Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја за земјиштето од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа изнесува 5 евра во денарска противврденост.Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството.Право на учество на овој јавен оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност, да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се регистрирани како трговец поединец. На заинтересираните субјекти, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност, или да им е потребно за вршење на научно-истражувачка дејност.Странските правни лицаимаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за користење на земјоделско земјиште во државна сопственост, правните лица за кои е отворена стечајна постапка како и непрофитните организации.
Понудите за овој оглас, заинтерсираните субјекти можат да ја поднесат во рок од 20 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон: 02 313 44 77 или да ја посетат веб страницата на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk.