Намалени трошоци за енергија и зголемен профит кај бизнисите и комерцијалните објекти

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Фондацијата Регионална Развојна Агенција - ПРЕДА во соработка со Локалната канцеларија на Програмата на ЕУ/ЕБОР- WeBSEFF, ја организираа работилницата на тема: Намалени трошоци за енергија и зголемен профит кај бизнисите и комерцијалните објекти.

Оваа работилница се одржа на 7 Март во х. Милениум со почеток во 10:30 часот. На оваа работилници беа присутни 40 претставници на бизнис секторот во Пелагонискиот регион кои беа запознаени со Програмата на ЕУ/ЕБОР за финансирање на проекти од одржлива енергија на Западен Балкан.