Меморандум за соработка помеѓу ЦРППР и АПРЗ

Во рамките на проектот „Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот плански регион“, на 19.10.2012 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола се одржa свечено потпишување на меморандум за соработка помеѓу раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓеровска и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, г-дин Јордан Кузмановски. На оваа свеченост присуствуваше и г-дин Карл Ларкинс, од карана Корпорација. Потпишувањето на меморандумот е во насока на подобрување на соработката помеѓу двете институции за поефикасно спроведување на проектoт.Двете институции се согласија да соработуваат со цел унапредување на состојбите во земјоделскиот сектор, приближување на земјоделските практики до нивото на меѓународните норми како и во други области кои се директно или индиректно поврзани со прашањата на развојот на земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион. Соработката конкретно ќе се одвива преку логистичка поддршка, постојана размена на податоци и информации со цел јакнење на капацитетите, воспоставување и овозможување на посредна и непосредна комуникација со претставниците на земјоделскиот сектор.