Официјално отворање на Проектот за експанзија на мали бизниси и започнување на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана корпорација на 7 Ноември 2012 година во село Крклино Битола, организираа Конференција на која беше промовиран почетокот на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион (ПеЛАГонија ЛЕАДЕР)”. На Конференцијата зедоа учество претставници од Амбасадата на САД во Република Македонија, Градоначалниците од Пелагонискиот регион, претставници на локалните самоуправи од Пелагонија и од земјоделскиот и невладиниот сектор. Пред присутните свое обраќање имаа претставникот од Карана Корпорација г-дин Карл Ларкинс, Заменик шеф на мисија г-дин Брајан Ц.Агелер, Заменикот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија г-дин Зоран Коњановски, Градоначалникот на општина Новаци г-дин Лазар Котески, Раководителката на ЦРППР г-ѓа Емилиа Ѓероска и координаторот на проектот од ЦРППР г-дин Владимир Величковски.Целта на проектот е подобрување на условите за живот , попродуктивно земјоделство, и побогати и поразвиени рурални средини во Пелагонискиот регион.