Инфо ден во општина Ресен во рамките на проектот: Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација со финансиска поддршка на УСАИД Македонија, на 16 Ноември 2012 година со почеток во 17 часот во малата сала на општина Ресен ќе организира инфо ден во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион.Целта на настанот ќе биде да се информира населението во ресенскиот регион за принципите и карактеристиките на ЛЕАДЕР пристапот и да се дефинираат потребите на ресенските рурални подрачја и да се добијат идеи за можни пилот проекти во иднина.

Проектот за воведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион официјално започна со конференција одржана на 7 Ноември 2012 година во с.Крклино - Битолско, каде беа претставени проектните активности за наредниот период.Крајната цел на проектот е подобрување на условите за живот, попродуктивно земјоделство, побогати и поразвиени рурални средини во Пелагонискиот регион.