Инфо ден во Битола во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 26 Ноември 2012 година во канцелариите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола одржа инфо ден во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”. Присутни на средбата беа претставници од општините во регионот, компании, земјоделци, здруженија на млади, организација на жени, граѓанска асоцијација, федерација на фармери, волонтерска организација, еколошки друштва итн.Преку кратка презентација проект координаторот г-дин Владимир Величковски им ги објасни принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и преку конкретни примери од успешни ЛЕАДЕР проекти им ги прикажа можностите кои ги нуди оваа програма.На средбата се дискутираше за очекувањата од воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот и се започна со процесот на дефинирање на приоритетните потреби и креирање на идеи за подобрување на условите во руралните средини на регионот