Јавен повик за доставување на барања за финансирање на проекти од областа на водите за 2013 година

Врз основа на Програмата за управување со водите за 2013 година (Службен весник на Република Македонија” бр. 4, од 09.01.2013г.),  Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Јавен повик за доставување на барања за финансирање на проекти од областа на водите за 2013 година

1.  Општи одредби

Средствата од Програмата за управување со води за  2013 година се користат за изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни системи и за одржување на водотеци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеците и заштита од штетно дејство на водите.
2. Изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни системи

Корисници на средства за изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни системи  може да бидат  единиците на локална самоуправа и јавните комунални претпријатија кои можат да достават барање за финансирање најдоцна до 30.03.2013 година.

Кон барањето за финансирање се доставуваат следните документи:

-  Дозвола за користење на водата

-  Основен Проект изработен од стручна установа или друго правно лице лиценцирано за вршење на таков вид на работа

- Ревизија на проектот од стручна установа или друго правно лице лиценцирано за вршење на таков вид работа

- Решение за одобрен  елаборат за заштита на животната средина или студија за оценка на влијанието на животната средина

3. Одржување на водотеци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеците и заштита од штетно дејство на водите. 

Корисници на средства наменети за одржување на водотеци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеците и заштита од штетно дејство на водите може да бидат водостопанствата и единиците на локална самоуправа кои можат да достават барање за финансирање најдоцна до 30.03.2013 година.

Кон барањето за финансирање се доставуваат следните документи:

- Основен Проект за уредување/регулација на водотек изработен од стручна установа или друго правно лице лиценцирано за вршење на таков вид на работа

- Ревизија на проектот од стручна установа или друго правно лице лиценцирано за вршење на таков вид работа

- Решение за одобрен  елаборат за заштита на животната средина или студија за оценка на влијанието на животната средина

4. Критериуми за распределба на средствата

4.1.   Распределбата на средствата од Програмата за управување со водите за  2013 година за изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни системи  се врши врз основа на следните критериуми:

А) Подрачјето каде се наоѓа

- Урбана средина

- Рурална средина

Б) Досегашен начин на водоснабдување на населението

- Од водоводна мрежа

- Од јавна чешма

- Од бунари

- Останато

4.2.  Распределбата на средствата од Програмата за управување со водите за  2013 година за одржување на водотеци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеците и заштита од штетно дејство на водите изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни системи  се врши врз основа на следните критериуми:

А) Процент на  проток на водотек

- Над 50%

- Под 50%

Б) Претходен начин на обезбеденост на проток на водотек

- Регулиран

- Уреден

5.  Рок и начин на поднесување на барањата за распределување на средства

- Крајниот рокот за доставување на барањата со потребната документација е 30.03.2013 година;

- Доставените барања кои ќе пристигнат по истекот на рокот за доставување  и кои нема да бидат во согласност со условите од повикот нема да бидат разгледувани од страна на комисијата на Министерството за животна средина и просторно планирање;

- Барањата можат да се предадат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот или по пошта на адресата на Министерството, бул. Гоце Делчев бр.18 (зграда на МТВ, 10 спрат), 1000 Скопје.

Програмата за управување со води за 2013 година ќе биде објавена и на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk


Контакт лица:

Илбер Мирта, раководител на Сектор за води
Е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Снежана Мартулкова
Е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите