УСПЕШНА РАБОТИЛНИЦА ВО РЕСЕН ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 20 Декември  2012 година во Ресен организира работилница во рамките на проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.На оваа средба се остварија зацртаните цели, присутните да ги разберат карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и кои се потребни чекори за воведување и спроведување на овој пристап во Пелагонискиот регион. На работилницата  исто така се работеше на идентификување и дефинирање на капиталот на територијата и определување на можните членови во Локалните Акциони Групи. Проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”  е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.