ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ ОДРЖАНА ВО ПРИЛЕП

На 26 Декември 2012 година во Прилеп се одржа втората работилница во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, организирана од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на малите бизниси. На средбата подетално се презентираа карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот, критериумите за формирање на Локална Акциона Група, како и потребните чекори за воведувањето и спроведувањето на овој пристап во Пелагонискиот регион.Учесниците на работилницата успешно го дефинираа капиталот на територијата во Прилепскиот регион и пристапија кон процесот на идентификување на потенцијалните членови во Локалните Акциони Групи во регионот.