Трета успешна работилница во рамките на Пелагонија ЛЕАДЕР проектот

На 21 Јануари 2013 година во Битола,  Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион  ја организираше третата работилница во рамките на проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” - Пелагонија ЛЕАДЕР.На средбата присуствуваа претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од четирите општини: Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Тема на работилницата беа карактеристиките на ЛЕАДЕР пристапот и  потребните чекори за воведување и спроведување на истиот во Пелагонискиот регион.Учесниците на работилницата преку групна работа успешно го дефинираа капиталот на територијата и ги  определија потенцијалните учесници во Локалните Акциони Групи кои ќе се формираат во идниот период и ќе бидат главни носители на руралниот развој во Пелагонија.Процесот на градење на капацитетите на учесниците во проектот ќе продолжи и понатаму преку организирање на тренинзи во трите микрорегиони на Пелагонија.Активностите на проектот се финансирани преку УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Kарана Корпорација.