Конференција: “КАКО ДО ПАРИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ВАШИОТ БИЗНИС”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Усаид Проектот за експанзија на мали бизниси организираа Конференција на тема: ”Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис”. На Конференцијата присуствуваа повеќе од 200 претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Пелагонискиот регион, што претставуваше доказ за големиот интерес за финансиската помош која им се нуди, како и за успешноста на оваа конференција. Во првиот дел од конференцијата, во седум пленарни сесии беа претставени различни финансиски инструменти кои се достапни за претпријатијата и организациите во Пелагонискиот регион: ИПА – Прекугранична соработка, ИПА/ИПАРД, Национална Програма за Рурален Развој, Програма за Конкурентност и Иновации – CIP, Инструменти за финансирање од Холандската влада, Поддршка на трансфер на технологии кај малите фирми и кредитирање преку БСЦ Битола и Македонска Банка за Поддршка и Развој.

А во вториот дел од настанот во повеќе групи учесниците имаа можност да излезат со конкретни прашања пред експертите, за начинот и процесот на аплицирање, за да се запознаат повеќе со овие финансиски инструменти. Целта на настанот беше да се поттикне растот и развојот на претпријатијата од регионот преку олеснување на процесот за пристап до финансиии, а со тоа да се зголеми интересот за нивно искористување.