Тренинг во Ресен во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 12 Февруари 2013 година во Ресторан Вито во Ресен Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”. На тренингот учесниците добија информации за доброто владеење и мобилизирање на локалните заедници, за националните документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и формирање на Локалните Акциони Групи како и за постапката за формирање на Локални Акциони Групи кај нас, користејќи го искуството од земјите каде овој процес е најуспешен. Овој тренинг беше наменет за учесниците од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во Ресенскиот регион, кои учествуваа на минатите средби во рамките на овој проект.Проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.