Тренинг во Прилеп во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 28 Февруари 2013 година во Хотел Кристал Палас во Прилеп организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”. Тренингот кој беше прв од низата тренинзи кои ќе се организираат во наредниот период во Пелагонискиот регион, имаше за цел преку презентираните теми учесниците да добијат информации за добро владеење и мобилизирање на локалните заедници, за референтните национални документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и на формирањето на ЛАГ-ови, како и за процесот на формирање на Локалните Акциони Групи.

На тренингот преку работа во групи учесниците ги анализираа заинтересираните страни во нивниот регион и преку вежби работеа на утврдување на моменталната состојба на нивната Локалната акциона група.
Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.