Тренинг во Битола во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 04 Март 2013 година во Хотел Милениум во Битола организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”.  Со овој тренингот заврши првата серија од низата тренинзи кои ќе се организираат во наредниот период во Пелагонискиот регион, кој имаше за цел учесниците да добијат информации за доброто владеење и мобилизирање на локалните заедници, за референтните национални документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и на формирањето на ЛАГ-ови, како и за процесот на формирање на Локалните Акциони Групи. Во наредниот период следуваат три тренинзи со различни теми во секој од трите микро региони во Пелагонија пред да се пристапи кон процесот на регистрирање на Локалните Акциони Групи. Проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” е финансиски поддржан од УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана Корпорација.