ИПАРД

ЈАВЕН ПОВИК БР.01/2013 ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ЗА 2013 ГОДИНА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 13 јули 2013 година објави ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2013 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2013 година.

Повеќе...

 

Прв координативен состанок во Битола во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, на 20  Јуни  2013  година во Хотел Милениум во Битола организира состанок за: “Воспоставување на Локална Акциона Група (ЛАГ)”. Овој состанок е прв од трите планирани состаноци кои ќе се организираат во трите микро регион во Пелагонија во наредниот период.

Повеќе...

 

ЈАВЕН ПОВИК За избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис

Повеќе...

 

ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА: Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој воведе БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА

Со цел овозможување поголема достапност и понуда на информации за заинтересираните и корисниците на финансиска поддршка, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го модернизира сопствениот центар за контакти со воведување бесплатна телефонска линија.Со телефонско избирање на бројот 080012121, преку постоечката телефонска централа, граѓаните можат бесплатно да се информираат за програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно со бирање на префиксот 1 им се достапни информации за директните плаќања во земјоделството, со бирање на префиксот 2 информации за Програмите за финансиска поддршка во руралниот развој и во рибарството и аквакултурата и префиксот 3 информации поврзани со ИПАРД Програмата.

Повеќе...

 

ЈАВЕН ПОВИК бр.2 за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост

Ј а в е н О Г Л А С    бр.02/13

за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари

Додаток за превземање: Оглас