ИПАРД

УСПЕШНА РАБОТИЛНИЦА ВО РЕСЕН ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 20 Декември  2012 година во Ресен организира работилница во рамките на проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.На оваа средба се остварија зацртаните цели, присутните да ги разберат карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот и кои се потребни чекори за воведување и спроведување на овој пристап во Пелагонискиот регион.

Повеќе...

 

Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти

Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти

Повеќе...

 

Јавен повик за доставување на барања за финансирање на проекти од областа на водите за 2013 година

Врз основа на Програмата за управување со водите за 2013 година (Службен весник на Република Македонија” бр. 4, од 09.01.2013г.),  Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Јавен повик за доставување на барања за финансирање на проекти од областа на водите за 2013 година

1.  Општи одредби

Средствата од Програмата за управување со води за  2013 година се користат за изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни системи и за одржување на водотеци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеците и заштита од штетно дејство на водите.

Повеќе...

 

ЈАВЕН ПОВИК бр.2 за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица

I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица во следните региони:

Повеќе...

 

ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2012 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07 и 5/09), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2012

Повеќе...