ИПАРД

Процесот на идентификација на ЈПП во општинските планови за ЛЕР – четврта обука

Четвртата обука од “Градиме пртнерства“ се одржа во Битола, во периодот 25-26 јануари 2011 година на тема: Процесот на идентификација на Јавно приватно партнерство (ЈПП) во општинските планови за локален економски развој.

Повеќе...

 

Развиваме бизнис вештини - трета обука од ,,Градиме Партнерства"

Развивањето на бизнис вештините и запознавањето на можностите за финансирање на бизнисите беше тема на третата обука што тимот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја организираше во периодот 15-16 декември, 2010 година согласно предвидените активности од проектот „Градиме партнерства“.

Повеќе...

 

„Градиме партнерства“ - Прва обука

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 7-10 Октомври, 2010 година, во х. „Милениум“ Битола ја организира првата обука во рамките на проектот „Градиме партнерства“ којашто се однесува на развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни фондови на ЕУ.Оваа обука е наменета за администрацијата во локалните самоуправи во Пелагонискиот регион, пред сe, одделенијата за локален економски развој.

Повеќе...

 

Одржана обука за јавно-приватно партнерство во рамките на проектот ГРАДИМЕ ПАРТНЕРСТВА

Во рамките на проектот "Градиме партнерства" реализиран од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се одржа втората обука на тема: „Правни и организациски аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП)“.Присутните претставници од администрацијата на 9-те општини во Пелагонискиот регион, и шеесетина претставници од бизнис секторот ги поздрави Градоначалникот на општина Битола г-дин Владимир Талески при што го нагласи значењето на ЈПП за развојот на општините и регионот.

Повеќе...

 

Започна реализацијата на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“

Bо Битола се одржа промотивна конференција „Градиме партнерства“ со која официјално отпочна реализацијата на проектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот плански регион“. На конференцијата присуствуваа Директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Елмази, Градоначалниците од 9 – те општини во Пелагонискиот плански регион, преставници на бизнис секторот и граѓанските организации.

Повеќе...