Пелагонија бизнис

Тренинг во Ресен во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

На 12 Февруари 2013 година во Ресторан Вито во Ресен Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”. На тренингот учесниците добија информации за доброто владеење и мобилизирање на локалните заедници, за националните документи и документи на Европската Комисија што се однесуваат на територијата и формирање на Локалните Акциони Групи како и за постапката за формирање на Локални Акциони Групи кај нас, користејќи го искуството од земјите каде овој процес е најуспешен.

Повеќе...

 

Тренинг во Ресен во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион  во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” на 12 Февруари во Ресторан Вито во Ресен ќе организира тренинг на тема: “Воспоставување на партнерство и формирање на ЛАГ-ови”. По завршените информативни средби и работилници, оваа средба е прва од низата тренинзи кои ќе се одржат во секој од трите микрорегиони на Пелагонија. Целта на овој тренинг е учесниците да добијат информации за добро владеење и како се мобилизираат локалните заедници,  ке бидат претставени националните документи и документи на ЕК што се однесуваат на територијата и формирањето на  ЛАГ-овите како и постапката за формирање на ЛАГ.

Повеќе...

 

Трета успешна работилница во рамките на Пелагонија ЛЕАДЕР проектот

На 21 Јануари 2013 година во Битола,  Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион  ја организираше третата работилница во рамките на проектот  “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” - Пелагонија ЛЕАДЕР.На средбата присуствуваа претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од четирите општини: Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Повеќе...

 

Конференција: “КАКО ДО ПАРИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ВАШИОТ БИЗНИС”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Усаид Проектот за експанзија на мали бизниси организираа Конференција на тема: ”Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис”. На Конференцијата присуствуваа повеќе од 200 претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Пелагонискиот регион, што претставуваше доказ за големиот интерес за финансиската помош која им се нуди, како и за успешноста на оваа конференција. Во првиот дел од конференцијата, во седум пленарни сесии беа претставени различни финансиски инструменти кои се достапни за претпријатијата и организациите во Пелагонискиот регион: ИПА – Прекугранична соработка, ИПА/ИПАРД, Национална Програма за Рурален Развој, Програма за Конкурентност и Иновации – CIP, Инструменти за финансирање од Холандската влада, Поддршка на трансфер на технологии кај малите фирми и кредитирање преку БСЦ Битола и Македонска Банка за Поддршка и Развој.

Повеќе...

 

ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕУ ЛЕАДЕР ПРИСТАПОТ ОДРЖАНА ВО ПРИЛЕП

На 26 Декември 2012 година во Прилеп се одржа втората работилница во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”, организирана од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со финансиска поддршка на УСАИД Проектот за експанзија на малите бизниси.

Повеќе...