Пелагонија бизнис

Инфо ден во Битола во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 26 Ноември 2012 година во канцелариите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Битола одржа инфо ден во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”.

Повеќе...

 

Инфо ден во општина Кривогаштани во рамките на проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

Во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на 23 Ноември 2012 година одржа информативна средба во Општина Кривогаштани.
Целта на средбата беше да се информира населението за предностите на здружувањето при решавањето на заедничките проблеми и за тоа како можат проблемите во регионот да се решат во рамките на оваа програма.

Повеќе...

 

Официјално отворање на Проектот за експанзија на мали бизниси и започнување на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Проектот за експанзија на мали бизниси, имплементиран од Карана корпорација на 7 Ноември 2012 година во село Крклино Битола, организираа Конференција на која беше промовиран почетокот на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион (ПеЛАГонија ЛЕАДЕР)”.

Повеќе...

 

Инфо ден во општина Ресен во рамките на проектот: Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација со финансиска поддршка на УСАИД Македонија, на 16 Ноември 2012 година со почеток во 17 часот во малата сала на општина Ресен ќе организира инфо ден во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион.Целта на настанот ќе биде да се информира населението во ресенскиот регион за принципите и карактеристиките на ЛЕАДЕР пристапот и да се дефинираат потребите на ресенските рурални подрачја и да се добијат идеи за можни пилот проекти во иднина.

Повеќе...

 

Меморандум за соработка помеѓу ЦРППР и АПРЗ

Во рамките на проектот „Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот плански регион“, на 19.10.2012 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола се одржa свечено потпишување на меморандум за соработка помеѓу раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓеровска и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, г-дин Јордан Кузмановски. На оваа свеченост присуствуваше и г-дин Карл Ларкинс, од карана Корпорација.

Повеќе...