Пелагонија бизнис

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2012 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07 и 5/09), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2012 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.

Повеќе...

 

Голема продажба на парцели во поранешната битолска касарна

Битолската локална самоуправа објави два огласи за продажба на градежно земјиште во кругот на поранешната касарна „Стив Наумов“. Во првата објава се нудат 116 парцели предвидени за изградба на објекти за индивидуално домување и компатибилни намени, согласно со ДУП-овите „АРМ Четврт 1“, „АРМ Четврт 2“ и „АРМ Четврт 3“. Големината на атрактивните локации се движи од 304 до 1.267 метри квадратни, по почетна цена од 1.003 денари за метар квадратен. Општината ќе отуѓи дел од понуденото земјиште, чија вкупна површина изнесува околу 8,53 хектари или 85.328 метри квадратни. Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 22 септември, при што истото ќе се одржи на 1, 3 и 5 октомври. Минималната вредност на огласеното земјиште се проценува на околу 1,4 милиони евра.

Повеќе...

 

Презентирани можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион

Центарот за развој на Пелагонискиот регион изврши презентација за можностите во инвестирање во Пелагонискиот регион, на бизнис форумот помеѓу компаниите од регионот Битола и компаниите од регионот Трабзон- Република Турција.

Повеќе...

 

ЈАВЕН ПОВИК за користење средства согласно Програмата за имплементација на Индустриската политика во Република Македонија за 2012 година

Министерството за економија врз основа на дел II и точките 1 и 2 од Програмата за имплементација на индустриската политика во Република Македонија за 2012 година (,,Службен весник на Република Македонија бр. 12/12 и 85/12), Министерствто за економија и Проектот за УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот објавуваат: Јавен повик за користење средства согласно Програмата за имплементација на Индустриската политика во Република Македонија за 2012 година.

Повеќе...

 

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2012 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата

Владата на Република Македонија - Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Тело за управување со ИПАРД на 31.03.2012 година објавуваaт ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2012 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2007-2013

Повеќе...